Утрински Весник
Свет

Индиска компанија ќе ја произведува руската вакцина „спутник В“

Индиска компанија ќе ја произведува руската вакцина „спутник В“

Рускиот државен инвестициски фонд (РДИФ) објави дека постигнал договор со индиската компанија „Вирчоу биотек“ да произведува до 200 милиони дози вакцина „спутник В“ годишно во Индија.

Комерцијалното производство на вакцината во полн капацитет ќе започне по завршувањето на преносот на технологијата во вториот квартал, велат од РДИФ, пренесува „Ројтерс“.

Објавувањето доаѓа по слични договори на РДИФ со индиските фармацевтски компании „Гланд фарм“, „Стелис биофарм“ и „Хетеро“.

„Докажаните способности за производство на лекови на ‘Вирчоу’ треба да помогнат во задоволувањето на глобалната побарувачка за овие вакцини“, рече извршниот директор на индиската компанија, Тумуру Мурали.

Индија, најголемиот производител на вакцини во светот, стана еден од најголемите производители на „спутник В“ надвор од Русија, додека истата вакцина веќе ја произведуваат Бразил, Кина и Јужна Кореја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гроси повикува на воздржаност по нападот во близина на нуклеарната централа Запорожје

Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови

За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто