Утрински Весник
Македонија

Инвестиции за обнова на локалните пошти во селата Чегране и Неготино Полошко

Инвестиции за обнова на локалните пошти во селата Чегране и Неготино Полошко

Гостивар, 7 мај 2020 (МИА) – Објектите во кои се сместени поштенските единици на државната пошта во гостиварските села Чегране и Неготино Полошко, деновиве ќе бидат подновени. Со инвестицијата целосно ќе се обноват фасадите и влезовите во двете локални пошти.

Директорот на гостиварската подружница на АД Пошта на Северна Македонија, Бетим Мехмеди денеска изврши увид во работите и искажа задоволство од сработеното. Според Мехмеди, ова е прва обнова на надворешноста на објектите по речиси три децении. За оваа намена ќе се потрошат околу 15 илјади евра. Покрај термо ефикасните прозорци, ќе се обноват и санитарните јазли и оштетените подови.

Во поштенската единица во Чегране се вработени двајца поштари и еден шалтерски работник кои опслужуваат над 15 илјади жители, а во Неготино Полошко, покрај шалтерскиот работник има и тројца поштари кои пружаат услуги на околу десет илјади жители.

Мехмеди најави дека по завршување на кризата предизвикана од КОВИД 19 се очекува одобрување за да се почне со обнова на објектот на главната пошта во Гостивар, за кој веќе има проект.

Во Гостивар во моментов има 72 вработени, а според директорот Мехмеди, има недостиг од поштари. Тој јавно им се заблагодари на сите вработени за спроведувањето на мерките за заштита и вложениот труд, бидејќи, како што потенцира, тие се под исклучителен ризик исто како и здравствените работници.згм/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога

Запленети 30 илјади евра на граничен премин богородица