Утрински Весник
Спорт

Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона

Хоакин Санчез ќе ја почне својата 23. сезона како професионален фудбалер, а вкупно 14. како играч на Бетис, откако пред неколку дена се договори со клуб да игра уште една сезона. Деновиве се очекува договорот да биде официјализиран.

Првата сезона на Хоакин во Бетис беше во 2000/01 во Сегунда.

Хоакин досега одигра 13 сезони во Бетис – шест во првиот мандат и седум во вториот и го носеше дресот со број 17 во текот на неговата кариера во клубот од Севиља.

Освен за Бетис, пет години играше и за Валенсија, а по две во Малага и Фиорентина.

Капитенот на Бетис, кој на 21 јули ќе наполни 41 година, е на пат да ги собори сите рекорди за долговечност и одиграни натпревари во историјата на шпанскиот фудбал.

До денес, Хоакин во кариерата, во клубовите и репрезентацијата, одиграл 939 натпревари. Дресот на националниот тим го носел на 51 натпревар.

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали