Утрински Весник
Свет

Има јасни показатели дека во Германија почна третиот бран на пандемијата, тврди Институтот „Роберт Кох“

Има јасни показатели дека во Германија почна третиот бран на пандемијата, тврди Институтот „Роберт Кох“

Поради зголемувањето на бројот на нови инфекции и седумдневната инциденца, централниот германски епидемиолошки Институт „Роберт Кох“ гледа почеток на трет пандемиски бран.

„Постојат јасни индикации дека во Германија почна третиот бран на пандемијата. Јас сум многу загрижен“, изјави денеска Лотар Вилер, директор на Институтот.

Тој додаде дека во моментов борбата се води помеѓу мутираните видови на вирусот и брзината на вакцинацијата. Вилер се надева дека 80% од населението би можело да се вакцинира до есен, по што мерките би можеле да се ублажуваат.

Во Германија се евидентирани 14.356 нови инфекции, што е за околу 2.400 повеќе од пред една недела и е најголем број од крајот на јануари. Ова го продолжи последователното зголемување на бројот на новозаразени во последните неколку недели, од кои 55 проценти се инфицирани со британска варијанта на вирусот – Б.1.1.7.

Седумдневната инциденца се искачи на 69,1, а за еден ден се регистрирани 359 смртни случаи. Оваа инциденца постојано се зголемува од средината на февруари. Владата ги услови новите отворања во културниот, спортскиот и угостителскиот сектор со пад на инциденцата под 50.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Секоја осма жена во светот била жртва на сексуална злоупотреба пред да наполни 18 години

Израел до цивилите во јужен Либан: Не се враќајте дома до следното известување

Путин го разреши Анатоли Антонов од функцијата руски амбасадор во САД