Утрински Весник
Спорт

Има ли сили Академија Пандев за сензација против Лехија Гдањск?

Dik 300x250 mk

Македонскиот претставник Академија Пандев посакува да направи сензација на денешниот реванш натпревар против Лехија Гдањск во Скопје. По првиот дуел, „пандевци“ имаат негатива од три гола (1:4) и ќе имаат многу тешка задача. Ако се знае дека дополнителен проблем ќе биде и неиграњето на тројцата фудбалери, Марко Ѓорѓиевски, Бојан Димоски и Коста Манев, тогаш Академија Пандев е пред речиси невозможна мисија.

dobivaj vesti na viber

„Резултатот од првиот натпревар мислам дека е нереален според играта што ја прикажавме. Ако сакаме да се надеваме на чудо, треба да не примиме гол и да постигнеме барем еден во првите дваесетина минути. Сепак, мораме да бидеме и внимателни зошто увидовме дека противникот знае да ја казни секоја грешка“, изјави капитенот на Академија Пандев, Диме Димов.

Реваншот меѓу Академија Пандев и Лехија Гдањск ќе се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ, со почеток од 17 часот.

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони