Утрински Весник
Свет

Илјадници Ирачани протестираа против владината политика за вработување

Илјадници Ирачани протестираа против владината политика за вработување

Илјадници Ирачани се собраа вчера пред канцеларијата на премиерот во центарот на Багдад во знак на протест против политиката на владата за вработување за 2021 година, пренесува „Анадолија“.

Агенцијата соопшти дека демонстрантите ја отфрлиле одлуката на владата да го запре вработувањето во јавниот сектор за 2021 година и побара таа да ја измени својата политика.

Демонстрантот Џабер Ал-Јасири во изјава за „Анадолија“ рече дека илјадници дипломирани студенти биле шокирани од одлуката на владата да не обезбеди можности за вработување во буџетот за 2021 година. Ал-Јасири се надева дека владата ќе почне нови планови за вработување за да ги вклучи невработените млади во земјата и да не го запре целосно вработувањето.

Демонстрантот Ајет Џамил изјави  дека обезбедувањето работни места за дипломирани студенти е должност на државата и дека нив не им е грижа за лошото планирање и лошото управување што ја довеле земјата до оваа фаза“ж.

Од ирачката ладата нема коментар за барањата на демонстрантите. Сепак, владата во претходните изјави рече дека финансиската криза и намалувањето на финансиските приходи поради пандемијата на коронавирус ја натерале да преземе мерки за намалување на трошоците.

Ирачкиот парламент разговараше за буџетот на земјата речиси еден месец. Според поранешниот ирачки министер за планирање, Нури Ал-Дулаими, стапката на невработеност во Ирак се проценува на 13,8 отсто, но кај младите се искачо на 27 отсто.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење