Утрински Весник
Свет

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави шведска компанија задолжена за доставување на вакцината.

Вкупно 2.100 дози на вакцината, околу 20 проценти од количината што Шведска ја доби досега од „Модерна“, се чуваат на премногу ниска температура, а дозите што не се користени се издвојуваат се додека не се утврди нивната ефикасност, објави „Апотекет“.

Сите што примиле доза на вакцина од неисправна пратка се здравствени работници.

„ Според првата проценка на шведскиот здравствен орган, нема индикации дека дозите транспортирани на прениска температура претставуваат ризик“, соопшти „Апотекет“.

Но, шведскиот здравствен орган и државната фармацевтска компанија вршат понатамошни истражувања, изјави портпаролот на „Апотекет“, Магнус Фриск.

„ Сè уште треба да откриеме дали дадената доза на вакцината ќе делува“, додаде тој.

Фриск истакна дека ја контактирале „Модерна“ за повеќе информации за ефективноста на дозите што се одржуваат на премногу ниска температура и дали оние што ги примиле треба да добијат нова доза на вакцина.

Од 17 јануари Шведска вакцинираше 146.000 луѓе, претежно со вакцината „Фајзер“/„БиоНТех“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ќе патролира со Националната гарда по улиците на Вашингтон: Сега сите се безбедни

Ким Џонг-ун одржа церемонија во чест на загинатите војници кои се бореа за Русија против Укрина

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат дека пет од шест убиени Палестинци во Газа се цивили