Утрински Весник
Свет

Илон Маск: Размислувам да ги напуштам сите бизниси и да станам инфлуенсер

Илон Маск: Размислувам да ги напуштам сите бизниси и да станам инфлуенсер

Илон Маск – извршниот директор на компанијата „Тесла“, изјави дека размислува да ги напушти сите работни места и да стане инфлуенсер.

„Размислувам да се повлечам од мојата работа и да станам инфлуенсер со полно работно време“, напиша Маск на „Твитер“ без да даде дополнителни објаснувања.

Според „Ројтерс“, не е јасно дали Маск бил сериозен за она што го напишал.

Маск, кој исто така е основач и извршен директор на „Спејс-икс“ и го води стартапот „Неуралинк“ и „Д боринг компани“, во јануари изјави дека верува дека ќе биде извршен директор на „Тесла“ неколку години.

„Би било убаво да имам малку повеќе слободно време наместо да работиме цел ден и ноќ; седум дена во неделата, од моментот кога ќе се разбудам до спиење. Тоа е прилично интензивно“, рече тогаш Маск.

Минатиот месец тој ги праша своите следбеници на „Твитер“ дали треба да продаде 10 проценти од својот удел во „Тесла“, на што повеќето одговорија потврдно. Потоа продаде акции во вредност од речиси 12 милијарди долари.

Можете да прочитате

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола