Утрински Весник
Економија

Илон Маск најбогат во светот, има пари колку Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно

Илон Маск најбогат во светот, има пари колку Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск, не само што во моментов е најбогатиот човек во светот, туку сега има пари колку што имаат заедно милијардерите Бил Гејтс и Ворен Бафет.

Богатството на Маск сега изнесува 236 милијарди долари, според податоците на „Блумберг“.

Гејтс е на четврто место со 130 милијарди долари, а Бафет е на десетто место со 103 милијарди долари.

И Гејтс и Бафет претходно беа на врвот на листата најбогати луѓе во светот.

Маск во јануари првпат го престигна претседателот на Амазон, Џеф Безос, и стана најбогатиот човек.

Безос сега е на второто место со богатство од 197 милијарди долари.

Маск оваа година додаде повеќе од 60 милијарди долари на своето богатство благодарение на силните резултати на акциите на „Тесла“, како и неодамнешната продажба на акции во „Спејс Икс“.

Можете да прочитате

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

Утре започнува Конференцијата на високо ниво за централното банкарство во услови на светски промени

ВМРО-ДПМНЕ: Со новите мерки на Владата граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра неделно