Утрински Весник
Свет

Или вакцина или затвор, претседателот на Филипини им се закани на граѓаните

Додека Кина чека одобрување од СЗО, Филипините ги враќаат кинеските вакцини

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека ќе ги затвори граѓаните кои одбиваат да примаат вакцина против коронавирус.

„Вие одлучувате – или ќе ја примите вакцината или ќе одите во затвор“, рече Дутерте во телевизиско обраќање, по извештаите за слабиот одговор на вакцинацијата на повеќе локации во главниот град на Манила.

Неговата изјава е во спротивност со претходните пораки на здравствените власти дека вакцинацијата е доброволна, иако е охрабрена, пишуваат светските агенции.

„Не ме сфаќајте погрешно, има криза во земјата. Јас сум огорчен од Филипинците кои нема да ја послушаат владата“, објасни Дутерте.

Заклучно со 20 јуни, 2,1 милиони луѓе се целосно вакцинирани на Филипините, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на владата е да имунизира до 70 милиони луѓе до крајот на годината.

Во земја со 110 милиони жители досега се потврдени над 1,3 милиони случаи на заразени со коронавирус, а повеќе од 23.000 лица починаа.

Можете да прочитате

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Директорот од СЗО: Ги скршивме телата и умовите на децата во Газа, како доктор, бесен сум

Турската полиција на нозе: Приведени се 384 лица по судирите на протестите