Утрински Весник
Економија

ИКТ комората на Македонија: Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

ИКТ комората на Македонија: Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, Вели Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија, во однос на полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес.

Тој додава дека овој став ИКТ комората го афирмирала и промовирала во изминатите десетина години со цел овие технологии да станат дел од институционалните политики со ставање особен акцент на нивната важност за унапредување на процесот на образование. Но, како што вели, досега немало значаен и квалитен напредок на ова поле.

„ Дигитализацијата допринесува за трансформација на економијата, владеењето и на општеството преку усвојување на постојните и на новите дигитални технологии. Дигитализирање на образованието, пак, значи засилување на процесите на учење со технологија. Се предвидува дека дигитализацијата во високото образование ќе овозможи квалитетен напредок, со овозможување на образование достапно за сите, но внимателно треба да се пристапува кога се во прашање основното и средно образование. Квалитет може да се постигне единствено доколку процесот се обликува да биде прифатлив за сите засегнати страни, бидејќи воведување на овие нови процеси во образованието ангажира и дополнителни средства за сите вклучени“ изјави Огненовски.

Од ИКТ комората истакнуваат дека дигитализација на образовниот процес, треба да се реализира во поинаков процес, кој ќе биде инклузивен, со вклученост на сите засегнати страни со цел креирање најдобри можни решенија кои нема да се соочат со проблеми при имплементација.

Можете да прочитате

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците