Утрински Весник
Спорт

Икарди ќе остане во ПСЖ

Репрезентативецот на Аргентина Мауро Икарди нема намера да го напушти ПСЖ, и покрај тоа што се наоѓа на трансфер листата. Аргентинецот има договор со клубот до 2024 година.

Уште кога пристигна во Париз од Интер, освен во првата сезона, кога беше на позајмица, Икарди не успеа да се избори за статусот прв напаѓач.

„Имам договор со ПСЖ на уште две години и ќе останам овде. Мојата кариера не е во опасност како што вие новинарите се обидувате да презентирате. Ќе се борам за моето место во тимот“, истакна Икарди.

Икарди постигна 23 гола на вкупно 64 натпревари за актуелниот шампион на Франција.

„Не сум загрижен. Имам 29 години и по речиси 200 постигнати голови во кариерата, знам дека се уште можам да играм фудбал на врвно ниво“, дополни Аргентинецот.

> Икарди ќе остане во ПСЖ <

Можете да прочитате

ОК Струмица елиминиран во првото коло од Купот на ЦЕВ од Капошвар

Роберт Левандовски полесно повреден – 24info.mk

Нејмар се враќа на фудбалските терени