Утрински Весник
Македонија

Изјава на Стаменковска Стојковски, дополнителна заменичка министерка за информатичко општество и администрација

Реакција на техничката министерка Невенка Стаменковска Стојковски

Скопје, 19 јуни 2020

Правото и законите во Македонија мора да се почитуваат и да важат поеднакво за сите.

Во изминатиот период алармирав и апелирав до оваа Влада и функционерите на СДСМ, дека незаконските вработувања во институциите мора да прекинат. За жал, мојот апел не допре до нив, па продолжија да ги злоупотребуваат институциите, да работат незаконски и ги трошат не домаќански парите на граѓаните.

НО одговорност мора да има! И ќе има!

Хибридниот режим и заробените институции не престануваат да изненадуваат. Со неверување и голема разочараност на ден 12.05.2020 година, во Министерството за информатичко општество и администарција, е пристигнато известување од Државен управен инспекторат а поврзано со незаконските вработувања во Централен регистар. Поточно на 10.03.2020 година имам побарано да се изврши вонреден инспекциски надзор во Централен регистар за спроведена постапка за вработување.

Имено, од известувањето кое е доставено до мене, јасно се гледа дека Државниот управен инспекторат констатирал незаконско работење и неспроведување постапка за вработување согласно Законот за Административни Службеници, и наместо да го задолжи работодавецот да ги поништи вработувањата, да поднесе прекршочна пријава и да го извести Јавното Обвинителство за основани сомневања за извршено кривично дело, истиот се иззема од надележност заради колизија на законите и надзорот го оттстапува на Министерство за финансии и на Влада на Република Македонија.

За појаснување, Директорката на Централен Регистар наместо да ги примени одредбите од Законот за адмнистративни службеници односно постапка која ја спроведува Агенцијата за Адмнистрација во соработка со институцијата со точно утврдени правила и критериуми, почнувајќи од

2018 година па до денес спроведува незаконски постапки за вработувања согласно Законот за Работни односи и тоа вработувања на неопределено време. Тоа значи ја злоупотребува својата положба со намера и умисла да реализира вработувања за партиски цели.

Денес, сите списи, претставки и докази кои ги поседувам за незаконското работење на одговорните во Централен регистар, ќе ги доставам до Основното јавно обвинителство, за понатамашно постапување

и спречување на злоупотребите, криминалот и корупцијата која се случува во изминатите три години во институциите во Македонија.

Почитувани,

Владата на СДСМ ја фрли на колена Македонија и институциите, вработените во јавниот сектор и граѓаните. Мојата заложба за право и правда ќе продолжи бидејќи тоа го заслужува Македонија.

Упатувам порака, дека одговорност за сите незаконски постапки и незаконското

работење деградирање и притисоци во администрацијата ќе има.

Обновата доаѓа.

дополнителна заменичка министерка за информатичко општество и администрација

Невенка Стаменковска Стојковски

__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани