Утрински Весник
Политички Партии

Изјава на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време

 

Скопје, 2 јуни 2020

Вечерва во вестите на Канал 5 свое јавување имаше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што посочи дека предвремената кампања на СДСМ резултираше со околу 200 лица од УЈП во самоизолација, поради тоа што директорката е заболена од корона вирусот. И преку 80-тина од врвот на СДСМ се во самоизолација. И од тоа може да се постават и добри политички прашања како на пример, дел од луѓето кои што се во самоизолација се луѓе кои по опис на своите работни задачи не смеат да бидат во партиска функција како на што е директор на финансиска полиција или директор на Агенција за разузнавање.

„Дел од луѓето кои што се во самоизолација се луѓе кои што во опис и попис на своите работни задачи не смеат да бидат во партиска функција како на пример директор на финансиска полиција, или директор на Агенција за разузнавање. Тие треба да се независни институции. Едната е дури под претседателот која што не смее да биде под партиска координација, но гледаме дека биле во партиска координација“, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека кога ќе се надмине корона вирусот треба ова прашање да се отвори како е возможно вакви независни институции кои што се занимаваат со безбедносни прашања да бидат координирани од политички центар односно од потпретседателот на владејачката партија СДСМ.

„Апсолутно треба да се случат избори, на кои што граѓаните треба да го дадат својот глас, но тие избори може да се стаса само преку два чекора. Првиот чекор е сериозна битка сега со вирусот, за да почнат овие бројки да се намалуваат. И вториот чекор е консензус кој што би се постигнал помеѓу сите политички партии со еден отворен дијалог“, појасни Николоски.

„Македонија за жал потфрла, и не мора со Европа и со светот да се спореди, еве со регионот само да ја споредиме и гледаме колку потфрла. Резултат за жал е ова потфрлање, а причината е брзањето кон избори, затоа што Заев се надева со брзи избори ќе има помал пораз“, појасни Николоски.

Николоски образложи дека на овој начин како што размислува СДСМ дека со брзи избори ќе го намали поразот е неодговорно и нечовечки.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт