Утрински Весник
Политички Партии

Изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски

ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда без одговорност на највисоките структури на власта

 

Скопје, 18 јуни 2020 

Почитувани,

Аздисаната и забегана Влада на СДСМ наместо домашен туризам, го рекламира Тајланд. Покрај Германија, Франција и Бали во Индонезија, сега и Тајланд се најде на нивната платена апликација за поддршка на домашниот туризам.

Ова е фотографија од апликацијата каде рекламираат 6.000 денари за домашен туризам.

Ова е оригиналната фотографијата од езерото Чо Лан во Националниот парк Као Сок во Тајланд.

Е па почитувани за забеганото СДСМ дома си е дома ,секаде низ светот, само не во Македонија.

Во својата намера за поткуп, со посебен владин документ за борба со короната, во четири очи дадени се 20 илјади евра за апликација, за рекламирање на предизборен поткуп на граѓани од по 6.000 денари, со фотографии од цел свет, а наводно за домашен туризам.

Забеганата власт на СДСМ смета дека граѓани со примања под 15 илјади денари, сега ќе ги излаже дека ќе можат со 6,000 денари поткуп да одат во Германија, во Франција, на Бали или можеби во Тајланд. Места каде што само една ноќ, само едно спиење чини од сто до неколку илјади евра.

На лагите и лажните вести, на лагите и лажните ветувања на оваа забегана власт им нема крај. Прво како партија се фалеа со крадени фотографии, за наводни нивни проекти, сега делат пари од буџетот, во четири очи, за да со фотографии од странство го лажат народот со пари за летувања.

А притоа за тоа ја задолжуваат државата и истовремено бараат пари, внимавајте солидарност од граѓаните. Лично министерката за финансии, во време кога смртоносната епидемија избега од контрола, десетици починаа, а има стотици, илјадници новозаболени има во само неколку дена.

Почитувани, вакво понижување од своја власт не заслужиле ниту Македонија, ниту граѓаните.

Почитувани,

Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Изборот е Обновата којашто ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ или измама којашто веќе ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, народот ќе ја направи разликата.

Ви благодарам на вниманието.

изјава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт