Утрински Весник
Политички Партии

Изјава на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ

Костовски: Итно да се прогласи кризна состојба во Куманово и Прилеп

 

Скопје, 10 јуни 2020

Почитувани,

Зоран Заев очајно лаже и се фали со слики од проекти во други држави, дека ги изградил во Македонија.

Зоран Заев камен на камен нема изградено во периодот од повеќе од три години колку што е власт. Државата буквално стагнираше изминативе години со него и СДСМ.

Сликите од инфраструктурните проекти со кои Зоран Заев се фали на својот профил на фејсбук се најбрутална лага. Зоран Заев лаже и затоа треба да им се извини на граѓаните.

Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже и за пакетот мерки за граѓаните и стопанството, со кој на никој не помага. Македонија е во полн ек на криза, а државата освен што се задолжува и ништо друго не прави.

Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже дека сме ја победиле и короната, а само два дена потоа се соочивме со најголемиот пик од почетокот на пандемијата.

Се што кажа Заев излажа.

Заев треба да се извини и за лагата, но и за неговата неработа, како и за криминалот, корупцијата и сиромаштијата во кои ја потонаа Македонија.

СДСМ веќе не знае во која насока ја движи државата.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добиваме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт