Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Изречени 25 казни за неносење маска во тетовско

Изречени 25 казни за неносење маска во тетовско
Img 7972

Тетово, 3 јуни 2020 (МИА) – Тетовската полиција бележи изречени 25 казни за неносење на заштитни маски, согласно владината уредба за спречување на ширењето на коронавирусот.

Секторот за внатрешни работи – Тетово потсетува дека глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата Уредба изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2.000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице.

– Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка и друго. Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со целосно спроведување на оваа Уредба и ефикасно ќе го санкционира нејзиното непочитување, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР – Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат нови решенија за изолација изготвени им се на вкупно 64 лицa, додека биле контролирани 352 лица со такви решенија. Изјави за самоизолација потпишале 24 лица, додека контролирани биле 70 луѓе со потпишани изјави за самоизолација.

Во содејство со Државниот пазарен инспeкторат биле контролирани вкупно 49 угостителски објекти. ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нова еколошка катастрофа во Крива Река по хаварија во рудникот Тораница

Неделна прогноза за Македонија: Прво дожд и снег, па сонце

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“