Утрински Весник
Свет

Израел ја одобри употребата на трета доза на вакцина против коронавирус

Израел ја одобри употребата на трета доза на вакцина против коронавирус
Dik 300x250 mk

Израелските власти ја одобрија употребата на трета доза вакцина против коронавирус за сите граѓани кои примиле две дози.

Како што е соопштено, секој што ја примил втората доза пред пет месеци, има можност да се вакцинира со трета доза.

Израелците кои не ја примаат третата доза, нема да се сметаат за вакцинирани ако поминале повеќе од шест месеци откако ја примиле втората доза.

Во болниците во Израел има 1.175 пациенти, од кои 726 се во тешка состојба, а 149 се на респиратор.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно