Утрински Весник
Свет

Израел спречил севернокорејски сајбер напад против одбраната

Израел спречил севернокорејски сајбер напад против одбраната
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за одбрана на Израел во средата соопшти дека хакерите од група поддржана од Северна Кореја ги таргетирале локалните претставници на секторот за одбрана, привлекувајќи ги со лажни профили на „Линкдин“ кои нудат профитабилни понуди за работа, во неуспешен обид за пристап до нивните мрежи.

Обидот за компјутерски напад од страна на меѓународната група „Лазар“, која е идентификувана од Министерството за финансии на САД како разузнавачка организација на режимот на Северна Кореја, бил спречен и не било дозволено нарушување на нивните мрежи.

„Членовите на групата користеа различни хакерски методи, вклучително и социјален инженеринг и лажно претставување“, соопшти израелското Министерство за одбрана.

Хакерите таргетирале технолошки компании во одбрамбената индустрија со тоа што се претставувале како извршни директори и менаџери за човечки ресурси и ги мамеле со понуди за работа и други деловни можности во обид да добијат пристап до нивните компјутери и бази на податоци.

„Во процесот на испраќање на понудите за работа, напаѓачите се обидоа да ги компромитираат компјутерите на овие вработени, да се инфилтрираат во нивните мрежи и да соберат чувствителни безбедносни информации. Напаѓачите се обиделе да ги користат и официјалните веб-страници на повеќе компании за да ги пробијат нивните системи“, се вели во соопштението.

„Директорот за безбедност за Секторот на одбраната ќе ја продолжи својата работа во спречување на обидите за наруѓување на мрежите на израелската одбранбена индустрија и сите обиди да им се наштети на технолошките способности и имотот на државата Израел“, велат од Министерството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони