Утрински Весник
Свет

Израел: Со новиот закон ќе им се одзема државјанството на арапските затвореници

Израел: Со новиот закон ќе им се одзема државјанството на арапските затвореници

Во израелскиот парламент е предложен нацрт-закон со кој, ако биде изгласан, ќе му се одземе државјанството на кој било арапско-израелски затвореник кој прифатол стипендија од палестинските власти, пренесува Arab48.com.

Палестинската самоуправа плаќа такви стипендии за да им помогне на семејствата на затворениците.

Нацрт-законот вчера го поднесоа членовите на Кнесетот, Ави Дихтер од партијата Ликуд, и Орит Сток од партијата Верски ционизам. Со него се засегнати сите палестински или арапски израелски државјани осудени за тероризам или за вршење непријателски дејствија, а особено палестинските затвореници од Ерусалим и арапските државјани на Израел.

Според двајцата членови на Кнесетот, државјанството на затворениците треба да биде одземено дури и ако ја отслужиле казната во израелските затвори. Покрај тоа, предлог-законот предвидува депортација на овие луѓе од Израел или од териториите што ги зазема и ги контролира Израел во областите контролирани од Палестинската самоуправа.

Секој што е засегнат од оваа постапка ќе има право да го поврати израелското државјанство ако се откаже од пензијата и ги врати парите добиени додека бил во притвор и по ослободувањето. Четириесет и двајца членови на Кнесетот го потпишаа предлог-законот пред да биде доставен на гласање.

Во октомври минатата година, Дихтер предложи сличен нацрт-закон. Само осумнаесет членови на Кнесетот го потпишаа тој нацрт-закон, кој не помина на ниедно читање во парламентот.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени