Утрински Весник
Свет

Израел пресретнал дрон што се приближил до границата со Јордан

Израел пресретнал дрон што се приближил до границата со Јордан

Израелските сили пријавиле пресретнување беспилотно летало кое се приближувало до израелската граница од јорданска страна, соопштија израелските одбранбени сили, пренесува ТАСС.

Според ИДФ, дронот летал кон областа Бејт Шејан во северен Израел кога бил соборен.

„Леталото беше следено од единиците за воздушна контрола на ИДФ. Фрагментите од уништеното летало беа собрани од безбедносните сили за понатамошно испитување“, рекоа од ИДФ.

Не е јасно кој управувал со дронот, од каде полетал и дали бил вооружен со експлозив.

Можете да прочитате

Фидан: Турција нема да дозволи планови за поттикнување граѓанска војна во Иран

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран

САД потрошиле над 11 милијарди долари за првите шест дена од војната