Утрински Весник
Свет

Израел прв во светот според брзината на вакцинирање против Ковид-19

Израел прв во светот според брзината на вакцинирање против Ковид-19

Израел досега вакцинираше против Ковид-19 убедливо најголем процент од својата популација меѓу сите земји во светот, а рекордни 224.000 луѓе се вакцинирани за само еден ден, напиша министерот за здравство Јули Еделштајн на „Твитер“.

Вкупниот број на луѓе кои ја примиле првата доза на вакцината е 2,4 милиони, а 850.000 ги примиле двете дози.

Израел ја започна својата кампања за вакцинација на 19 декември и напредуваше со невидено темпо. За споредба, во Германија – земја со девет пати поголема популација – 1,3 милиони луѓе ја примија првата доза на вакцината, а само 78.000 ја примија втората доза потребна за целосна имунизација.

Израелската влада рано нарача доволен број дози вакцина и склучи договор со производителот на вакцини „Фајзер“ за давање медицински податоци за возврат.

Експертите исто така веруваат дека за успехот на кампањата за вакцинирање придонесува силниот и високо дигитализиран јавен здравствен систем.

Според интернетската страница Our world in data, Израел, кој вакцинирал 38 проценти од своето население со најмалку една доза, го следат Обединетите Арапски Емирати со 22,7 проценти, Бахреин со 8,5 проценти, Велика Британија со 8 проценти и САД со 5,3 проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња