Утрински Весник
Свет

Израел одобри спреј за нос за третман на коронавирусот

Израел одобри спреј за нос за третман на коронавирусот
Dik 300x250 mk

Израел и Нов Зеланд издадоа привремено одобрение за продажба на спреј за нос на азотен оксид, што може да придонесе за спречување на пренесување на коронавирус, беше соопштено денеска од овие две земји.

Производството на спрејот наречен „Еновид“ започна во Израел во соработка со неколку партнерски компании и се очекува производот да се најде во продажба таму во текот на летото.

Во Нов Зеланд, компанијата „Санотиз“ регистрираше спреј за нос со одобрение од регулаторната агенција на Нов Зеланд, Дирекцијата за безбедност на лекови, што и овозможува на компанијата веднаш да го дистрибуира производот и да го продава без рецепт, со седиште во Ванкувер објавија од компанијата.

Со спрејот корисниците треба да се заштитат од вируси кои влегуваат во организмот преку горниот респираторен тракт.

Но, Министерството за здравство на Нов Зеланд објави дека сè уште не го одобрило производот за употреба како антивирусен спреј за нос.

Одобрението на кое се повикува компанијата не ја задоволува класичната процедура на поднесување барање или одобрување, соопшти вчера министерството за здравство на Нов Зеланд со образложение дека ќе продолжи со натамошните преговори со компанијата.

Минатата недела, беа објавени резултатите од клиничките испитувања кои покажааа дека спрејот е ефикасен антивирусен лек што може да спречи пренесување на Ковид-19, да го скрати времетраењето на болеста и да ја ублажи сериозноста на симптомите кај веќе заразените пациенти.

Можете да прочитате

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Се повеќе белгиски државни службеници отсуствуваат од работа поради стрес и премореност