Утрински Весник
Свет

Израел и Хамас близу до договор за прекин на огнот во Газа

Руски и израелски дипломати разговараат за деескалација во Појасот Газа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на вечерта започнаа да стигнуваат неофицијални вести дека утре ќе се случи примирје.

Во тек е состанок на израелскиот безбедносен кабинет, при што најверојатно едностран договор за прекин на огнот ќе биде одобрен од кабинетот, јавуваат израелските медиуми. Либанскиот весник „Ал Акбар“ објави, повикувајќи се на извори на Хамас, дека палестинската организација се согласила на прекин на огнот со Израел, што треба да започне утре наутро.

Како што е наведено, примирјето нема да биде еднострано, како што предложи премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, но ќе ги обврзе двете страни, и Израел и Хамас, објавија израелските медиуми.

Хамас го информираше либанскиот проирански Хезболах за својата одлука, а претходно „Ал Џазира“ и Би-Би-Си објавија дека Израел им рекол на египетските власти да го поддржат прекинот на огнот во Газа.

Ваквите извештаи не се потврдени од ниту една страна.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства