Утрински Весник
Свет

Израел го одобри планот за заземање повеќе палестинска земја во близина на Витлеем

Израел го одобри планот за заземање повеќе палестинска земја во близина на Витлеем

Израелските власти во неделата го одобрија планот за запленување на хектари палестинска земја во близина на окупираниот Витлеем, пренесува новинската агенција ВАФА.

Хасан Брежије изјави дека земјиштето е во палестинска сопственост и ќе се користи за изградба и за проширување на колонијалните населби. Планот, тврди тој, е доказ дека израелската влада ги олеснува обидите на доселениците да одземат уште повеќе земјиште и имот во сопственост на Палестинците.

Според израелската група за заштита на права „Б’Тселем“, владата користела комплексен правен и бирократски механизам за да преземе контрола над повеќе палестинска земја на окупираниот Западен Брег.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО отпушта над 1.200 вработени

Цените на нафтата се искачија над 64 долари

Украина нападна две рафинерии во руските области Рјазанск и Краснодарск