Утрински Весник
Свет

Израелски војници притвориле и измачувале пет палестински малолетници

Израелски војници притвориле и измачувале пет палестински малолетници

Пет палестински малолетни лица биле физички нападнати и претрпеле агресија од страна на израелски војници и биле испрашувачи за време на притворот, посочува Палестинската комисија за притворени и поранешни притворени, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Комисијата соопшти дека изјавите на малолетниците, сите 17-годишници, вклучуваат детали за сурови тепања и тортура што ги претрпеле по апсењето.

Мустафа Саламех бил приведен во неговата семејна куќа во градот Азун, источно од Калкилја на северниот Западен брег. Тој бил претепан со рачка од пиштол и турнат во армиски џип, каде војниците го газеле сè додека не изгубил свест. Саламех се разбудил во притворскиот центар „Ал-Џалама“ каде бил испрашуван со часови врзан за столче, пред да биде преместен во затворот за малолетници „Мегидо“.

Мохамад Залум бил уапсен во неговиот дом од селото Силван. Бил удиран со тупаници во стомакот се додека не повратил, а подоцна бил преместен во притворниот центар „Аскалан“ каде бил задржан 23 дена.

Хани Рмејлат, од бегалскиот камп Џенин на северот на Западниот брег, бил испрашуван во тешки услови во притворскиот центар Ал-Џалама и тепан со палки од пет затворски чувари, што резултирало со модринки по целото тело поради кои итно бил одведен во израелска болница. Тој сепак бил принуден да се врати во затворот Ал-Џалама, каде што останал 20 дена пред да биде преместен во „Мегидо“.

Маџд Ваари од ерусалимската населба Беит Ханина претрпел часови распит во озлогласениот центар за притвор „Руски камп“ во Западен Ерусалим врзан за мал стол.

Мунир Аркуб од Куфр Ајн, северно од Рамалах, бил приведен на воениот пункт Бејт Ел откако бил нападнат од тројца израелски војници пред да биде однесен во блиската воена база. Таму го оставиле под ведро небо на студени временски услови и не му дозволувале да спие. Следниот ден бил преместен во воениот логор „Офер“ за испрашување, а потоа преместен во „Мегидо“.

Комисијата забележа дека лошото постапување со затворениците е дел од системската и јасна политика што ја практикува администрацијата во центрите за притвор со цел да се ограничат затворениците и притворените лица и да се лишат од најосновните човекови права.

Околу 4.400 Палестинци во моментот се во израелските затвори, вклучувајќи 40 жени, 170 деца и 380 лица под административен притвор без обвиненија и судења.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет