Утрински Весник
Свет

Израелскиот премиер: Затворањето на Еврејската агенција ќе влијае на односите со Русија

Израелскиот премиер Јаир Лапид изјави денеска во врска со можното затворање на Еврејската агенција во Русија дека тоа може сериозно да се одрази на односите меѓу двете земји.

dobivaj vesti na viber

На меѓуресорска средба на која присуствуваа претставници на бројни израелски министерства и агенции, Лапид ја истакна важноста на односите со Русија за Израел, пренесува ТАСС.

„Премиерот Лапид на средбата рече дека врските со Русија се важни за Израел. Еврејската заедница во Русија е голема и важна и се споменува во секој разговор со администрацијата во Москва. Затворањето на канцеларијата на Еврејската агенција би било сериозен настан , што би имало последици по тие врски“, соопштуваат од кабинетот на Лапид.

Можете да прочитате

Трамп: Очекував поголем пораст на цените на нафтата, не е толку лошо

Цената на природниот гас се покачи за 25 отсто по нападот од Иран на Катар

Хамнеи: Иран нема да преговара!