Утрински Весник
Свет

Израелската Арапска партија: ЕУ да наметне санкции за анексијата и да ја признае Палестина

Израелската Арапска партија: ЕУ да наметне санкции за анексијата и да ја признае Палестина

Израелската партија „Арапскска заедничка листа“, трета по големина во земјата, во вторникот ја повика Европската Унија да ја признае државата Палестина и да ги прекине врските со Израел ако владата во Тел Авив не ги откаже своите експанзионистички планови за анектирање на делови од Западниот Брег, пренесува „Брејтбарт“.

Во писмото до функционерите на ЕУ, вклучувајќи ги и шефот за надворешна политика, Џозеф Борел, и претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, апарската партија ја повикува ЕУ сериозно да ги испита сите опции и да даде до знаење дека ќе го прекине Договорот за асоцијација ЕУ-Израел, ако Израел трајно не ги напушти експанзионистичките цели.

Договорот, потпишан во 1995 година, служи како правна основа за дефинирање на односите меѓу Израел и ЕУ.

Во писмото се вели дека традиционалниот пристап заснован на поттик за Израел досега не успеа да постигне заеднички легитимни позиции. Партијата дополнително побара од ЕУ да ги повика земјите-членки да ја признаат државата Палестина врз основа на границите пред 1967 година.

„Ваквиот чекор ќе изрази силна поддршка за Израелците и Палестинците кои се стремат кон помирување“, велат од партијата.

„Реакцијата на анексијата треба да вклучува и целосна примена на политиката на диференцијација меѓу Израел и населбите во сите бизниси. Овие чекори ќе постигнат значителен напредок кон исправање на сериозните неправди нанесени на палестинскиот народ и приближување на Израел и Палестина кон мирот“.

Партијата испрати слични писма до американските Демократи во Конгресот и до политичките партии во Велика Британија.

Борел во вторникот посочи ЕУ може да воведе казнени санкции против Израел ако продолжи со плановите за анексија.

„Постои силна врска меѓу Израел и Европа и сакаме да ја зајакнеме оваа врска и да ги продлабочиме нашите односи, а не да ги видиме повлечени.  Сепак, ова неизбежно ќе се случи ако се продолжи со еднострана анексија “, напиша тој во колумна за „Џерусалим пост“.

Текстот Израелската Арапска партија: ЕУ да наметне санкции за анексијата и да ја признае Палестина е превземен од МАКФАКС.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет