Утрински Весник
Спорт

Изненадување од Италија: Герет Бејл го менува Мадрид за Милано

Изненадување од Италија: Герет Бејл го менува Мадрид за Милано
Dik 300x250 mk

Најдобриот велшки фудбалер Герет Бејл на лето ќе стане слободен играч и по девет години дефинитивно ќе го напушти Реал Мадрид, доколку ја исклучиме минатата сезона кога беше на позајмица во Тотенхем. Иако се најавуваше дека можеби и ќе ја заврши кариереата, сепак, сега од Италија доаѓа сензационална вест, дека Милан е заинтересиран да го доведе на „Сан Сиро“.

По Реал Мадрид, Милан е клуб со најмногу трофеи во Лигата на шампионите и Бејл би бил еден од ретките играчи кои го носеле дресот на двата клуба. Сепак, тоа се врвни ѕвезди, Роналдо, Бекам, Сидорф…

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, веќе стапил во контакт со Велшанецот и ќе се обиде да го убеди од Мадрид да се пресели во Милано.

> Изненадување од Италија: Герет Бејл го менува Мадрид за Милано <

Можете да прочитате

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување

Победа за македонските млади ракометари на квалификациите во Луксембург