Утрински Весник
Македонија

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 19 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 84 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР.

Исто така, според статистичките податоци  за изминатите 24 часа на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а 43 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. оџ/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје