Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Изминатото деноноќие 133 лица не ја почитувале забраната за движење, 26 од нив приведени

Кривични пријави за три лица во Кавадаречко за непочитување на мерките за самоизолација
300x250 opst2

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот на целата територија на земјава во изминатото деноноќие, односно на 23 и 24 март, не ја почитувале 133 лица, најмногу во Скопје – 44, при што приведени се 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати.

Покрај ова, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се 152 контроли во угостителски и други објекти при што само во еден случај (угостителски објект во Охрид) било евидентирано непочитување на мерките на Владата, а објектот е затворен.

– Севкупно во периодот од 26 февруари до денеска, 24 март издадени се 1.105 решенија за изолација, додека пак 8.709 лица потпишале изјави за самоизолација, се вели во соопштението од МВР. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јован Божиновски нов вд директор на Клиниката за неврологија

Мицкоски: Се стега обрачот околу обвинителите и судиите кои го штитат Филипче и СДСМ

Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор