Утрински Весник
Македонија

Изминатото деноноќие 107 граѓани не го почитувале полицискиот час

Само едно лице не ја почитувало самоизолацијата, 37 приведени поради непочитување на забраната за движење
Dik 300x250 mk

 

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Мерката за забрана на движењето во државава, во текот на изминатото деноноќие не ја почитувале 107 лица, од кои 35 се приведени, 47 се опоменати, а за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.

Од МВР соопштија дека во текот на вчерашниот ден на 18 лица им се издадени решенија за изолација, додека 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

При полициска контрола над лица во изолација и самоизолација, евидентирано било дека во еден случај, лице во самоизолација не ја почитувало оваа мерка, односно не било пронајдено во својот дом.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа, од МВР информираат дека извршени се вкупно 206 контроли и во три случаи констатирани се непочитување на мерките. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет”

Мицкоски денеска во Брисел на Самитот за проширување на ЕУ