Утрински Весник
Македонија

Изминатото деноноќие полицискиот час не го почитувале 42 лица

Тројца жители на беровско Будинарци не го почитувале полицискиот час

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатите 24 часа на ниво на цела држава вкупно 42 лица не го почитувале полицискиот час, а од нив 32 се приведени, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, инфомираат од МВР. оџ/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Катевеновски бил разрешен од функција затоа што не ги исполнил нарачките на Заев, СДС и ДУИ за политички прогон на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Левица: Со новиот закон за високо образование професори ќе можат да станат само децата на богатите