Утрински Весник
Економија

Измени во законот за трговија поради превенција од Ковид-19

Измени во законот за трговија поради превенција од Ковид-19

На владина седница е утврден текстот на предлог-законот за трговија со цел да се обезбеди превенција и зајакнување на заштитата на здравјето на населението од ширењето на вирусот Ковид-19 во услови на вршење трговија на мало.

Измените во законот за трговија се потребни за да се продолжат да важат мерките кои беа предвидени со Уредбата со законска сила според која трговците на мало во услови на пандемија се должни да постават ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало, да обезбеди редарска служба за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот, да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред објектот, да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, како и други мерки, а имајќи предвид дека истекува важноста на оваа Уредба, соопшти Владата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пониски цени за над 300 лекови од 1-ви мај

ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите

Oбјавен Правилникот за изработка на општинскиот енергетски план