Утрински Весник
Македонија

Изменет режим на сообраќај и автобуски линии поради протестот за случајот „Монструм“

Изменет режим на сообраќај и автобуски линии поради протестот за случајот „Монструм“

Денеска со почеток од 13.30 часот е најавен протест поради пресудите во случајот „Монструм“, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата.

Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и булеварот „Крсте Мисирков“, булевеарот „Гоце Делчев“, дел од улицата „Филип Втори“, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски“.

Поради најавениот протест и блокадата на повеќе сообраќајници и од ЈСП информираат дека голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а заради заштита на новинарските екипи кои ќе го следат протестот, потребно е истите своите акредитации да ги носат на видливо место.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?