Утрински Весник
Свет

Измамници им понудиле 400 милиони дози лажни вакцини на земјите од ЕУ

Измамници им понудиле 400 милиони дози лажни вакцини на земјите од ЕУ

Измамници понудиле 400 милиони дози вакцини за коронавирус на земјите од ЕУ во вредност од околу три милијарди евра, пренесува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на два анонимни извори.

Според Ројтерс, еден од нив рекол дека „трговците“ им нуделе вакцини на „Астразенека“ на владите на ЕУ и ја споредил ситуацијата со слична таква на почетокот на пандемијата, кога лажните трговци го искористиле недостатокот на маски и друга заштитна опрема.

Еден од официјалните лица за Ројтерс изјавил дека станува збор за голема количина дози на вакцини и дека никој не знае што всушност има во нив, солена вода или нешто друго.

„Во најдобар случај, вакцината нема да дејствува, во најлош случај, тоа е многу сериозен проблем“, рекол анонимниот извор.

Второто анонимно лице кажало дека ЕК е многу загрижена за тие вакцини.

Европската Унија претходно предупреди дека бројот на измами со вакцини е во пораст, како и дека лажните дози кружат на пазарот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков