Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Изложба „Под стакло“ цртежи во изолација на охридскиот уметник Сашо Блажес

Изложба „Под стакло“ цртежи во изолација на охридскиот уметник Сашо Блажес
Img 7972

Охрид, 26 април 2020 (МИА) – „Под стакло“ цртежи во изолација е насловена најновата изложба на охридскиот уметник Сашо Блажес.

Изложбата „Под стакло“ содржи 25 цртежи на хартија во комбинирана техника што авторот ги изработи во периодот на прогласувањето на светската пандемија на коронавирусот.

– Идејата и мислата кај еден творец се апстрактен флуид кои можат да го променат правецот на уметникот во миг, да се приспособат на секоја нова ситуација и да го извлечат најдоброто од неа. Изолацијата кај еден уметник е нужност и секојдневие, а уметноста секогаш го наоѓала својот пат да биде видена и доживеана. Денес имајќи го интернетот како алатка за комуникација се одлучив да и презентирам на публиката дел од изложбата во краток видео-формат преку социјалните мрежи, вели авторот Блажес.

Како што рече самиот, изложбата „Под стакло“ ја посветил на времето посветено во трагање на природата во себе.

Блажес е академски уметник, дипломец и магистрант на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, како еден од најдобрите студенти на графичкиот отсек. Досега Блажес има изложувано во Берлин, Букурешт, Венеција, Њујорк, Темишвар, Сараево и Охрид. аб/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени