Утрински Весник
Македонија

Изложба на традиционални балкански носии во Гевгелија

Изложба на традиционални балкански носии во Гевгелија

Гевгелија,12 јуни 2020 (МИА) – Гевгелискиот Дом на културата и ансамблот „Македонија“ од Скопје на балконот на Народниот театар во Гевгелија ја отворија онлајн изложбата на фотографии со традиционални носии од Балканот.

Отворањето на изложбата почна со инсерти од сценската адаптација „Посавина“ која е синкретизам од песни и ора од истоимениот предел во Република Хрватска.

-Ние гевгеличани имаме редок и несекојдневен настан со кој ансамблот „Македонија“ ја презентира традиционалната култура. Сите носии на изложените фотографии се дел од збирката на ансамблот што е наш долгогодишен соработник, рече Весна Ристова, директор на Домот на културата во Гевгелија.

Етнокореологот Силвестер Проле истакна дека народната носија е важен елемент во сценската реализација на фолклорните вредности и дека нејзината коректна примена придонесува многу широк круг гледачи да се запознае со дел од богатата културна ризница на етникумот од соседството.

Со примена на препорачаните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, гевгеличани можат изложбата да ја посетуваат до 16 јуни во периодот од 9 до 14 часот.им/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор