Утрински Весник
Македонија

Изложба и цвеќе во чест на Денот на медицинските сестри

Изложба и цвеќе во чест на Денот на медицинските сестри

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Со изложба насловена „Цвеќе на хуманоста за медицинските сестри“ македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин, Црвениот крст на Град Скопје и Лајонс дистрикт 132, денеска, го одбележаа Светскиот ден на сестринството.

На настанот присусуствуваа и претставници на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, согласно медицинските прописи за заштита, а Цветин на неговиот балкон на улица Рузвелтова ги изложи своите уметнички креации, како и слика во димензија од 101 метар со цвеќиња која што симболично ја спушти од балконот до дворот пред зградата.

Цветин им подари и рози на медицинските сестри во чест на Флоренс Најтингел, прва медицинска сестра, која е родена пред 200 години.

Оваа година e прогласена за година на сестринството и 12 мај за Светски ден на сестринството. вг/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!