Утрински Весник
Македонија

Излизгани камиони, сообраќајни несреќи, поради снегот на автопатиштата низ државата

Излизгани камиони, сообраќајни несреќи,  поради снегот на автопатиштата низ државата
Dik 300x250 mk

Сообраќајни несреќи на автопатиштата низ Македонија по снежните наноси. На патот Велес-Скопје има судрени два автомобили и излизган камион. Две сообраќајки се случија на патниот правец Скопје-Штип.

Очевидци, состојбата ја опишуваат како „апокалиптична“. Велат дека коловозите се лизгави и неисчистени, претпоставуваат дека тоа е и причината за несреќите. Од МВР потврдуваат дека сите настани се пријавени.

„Според пријавеното, учесници се две товарни возила и едно патничко моторно возило. Полициски службеници се упатени кон местата каде се случиле овие несреќи и подетални информации ќе имаме подоцна“, велат од МВР и немаат информации за повредени лица.

Сообраќајки има и во Скопје. Пред малку, таква имало и во близина на скопската Железничка станица. Од МВР апелираат до возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот, особено поради снежните наноси.

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца