Утрински Весник
Македонија

Излезноста на гласачи до 11 часот е 14,18 проценти, најголем е одзивот во Ранковце

Излезноста на гласачи до 11 часот е 14,18 проценти, најголем е одзивот во Ранковце

14,18 отсто од запишаните гласачи излегле на гласање за четири часа.

Гласале вкупно 160.035 гласачи. Најголем бил одѕивот во Ранковце, каде до 11 часот на гласање излегле 38,2 отсто од запишаните гласачи.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, соопшти дека сите гласачки места биле навреме отворени.

Прекини имало на неколку места поради технички проблеми, но како што рече сите се надминати и онаму каде што прекинот бил еден час, гласањето ќе биде продолжено.

Во вториот круг градоначалници се избираат на 2481 избирачко место во 44 општини и во градот Скопје, каде што не беа избрани градоначалници во првиот круг. Право на глас во овие општини во град Скопје имаат вкупно 1.353.990 граѓани.

Одѕивот до 11 часот во првиот круг беше 10,22 отсто. Највисок одѕив до 11 часот во првиот круг имаше во Новаци 25, 84 отсто, а најнизок во Врапчиште каде до 11 часот на гласање беа излезени 4,92 отсто од запишаните гласачи.

Поголем одѕив во вториот круг беше регистриран и при првиот пресек, во 9 часот кога на гласање беа излезени 5,25 отсто од запишаните гласачи.

Во првиот круг до 9 часот на гласање беа излезни 2,28 отсто од гласачите.

Можете да прочитате

Херојот Иван по 24-часовна борба со огнот е во стабилна состојба

Претседателката Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон

Трајчулевски: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии