Утрински Весник
Свет

Излезните анкети од изборите во Франција покажуваат дека Макрон и Ле Пен се изедначени

Излезните анкети од изборите во Франција покажуваат дека Макрон и Ле Пен се изедначени

Гласачките места во Франција се затворени. Во вториот круг се очекува да одат актуелниот претседател, Емануел Макрон и неговата најголема опонентка, Марин Ле Пен.

Макрон се надева на втор мандат, но проблеми може да му направи кандидатката на крајната десница.

Левичарскиот популист Жан-Лук Меленшон, исто така, се надева дека ќе влезе во вториот круг од изборите на 24. април.

Според првичните излезни анкети, Макрон и Ле Пен освоиле по 24 отсто од гласовите.

Првиот круг од претседателските избори во Франција започна утрово, а можеа да гласаат околу 48,7 милиони регистрирани избирачи.

Во првиот круг учествуваа вкупно 12 кандидати.

Француската изборна кампања беше во сенка на војната во Украина. Речиси ниту една порака во кампањата не одекна меѓу гласачите, а многу кандидати беа сфатени како слаби и несоодветни, зголемувајќи ги стравувањата од мал одѕив на гласачите.

Можете да прочитате

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран

Иран: Ако САД ни ги нападнат електраните, целиот регион ќе биде без струја и вода

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на САД