Утрински Весник
Македонија

Издадените дозволи за работа за Општина Карпош ќе важат и по 19 часот и за викенд

Издадените дозволи за работа за Општина Карпош ќе важат и по 19 часот и за викенд

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Како резултат на новите одлуки од Владата во врска со коронавирусот, Општина Карпош ги известува сите фирми кои вршат достава на храна  и лекови, а кои веќе имаат добиено известувања од општината за вршење дејност и во полициски час – дека тие и понатаму имаат важност (во тек на работната недела после 19:00 часот и за време на викендот), информираат од Општина Карпош.

Исто така, од општина наведуваат дека сите други компании кои сакаат да вршат достава на храна / лекови, а до овој момент не се пријавиле, треба да пополнат пријава и да ја испратат на kontakt@karpos.gov.mk , најдоцна до утре до 11:00 часот.

Дополнително, од оваа скопска општина ги информираат сите граѓани дека во текот на викендот, полицискиот час ќе започне во сабота од 15:00 часот и ќе трае до понеделник, до 05:00 часот.

Оттука, нерегистрираните земјоделци и гулабари, кои сакаат да вршат дејност за време на претстојниот викенд, да се пријават на kontakt@karpos.gov.mk , со име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност и во кој период од полицискиот час. Истите податоци да ги испратат најдоцна до 24-ти април (петок), до 11:00 часот.

– Кога станува збор за активистите кои хранат бездомни животни, за претстојниот викенд, преку регистрираните здруженија треба да се пријават во Град Скопје, до утре до 12:00 часот. Потоа, информациите ќе им бидат проследени до Министерството за информатичко општество и администрација, по што, на мејл ќе им биде испратена дозволата, известуваат од општината.

Оттаму истакнуваат дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид.оџ/лв/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме