Пронајдена и вратена е изгубената песна отсечена од оригиналниот филм The Muppet Christmas Carol („Божиќната песна на мапетите“), откри режисерот Брајан Хенсон.
Хенсон за „Би-би-си Радио 2“ изјави дека е возбуден и среќен што „Кога љубовта е изгубена“ повторно може да се слушне во претстојните верзии на неговиот филм.
Во филмската адаптација на познатата приказна на Чарлс Дикенс (1992 ), баладата му ја пее на еден Скруџ неговата свршеница Бел. Оваа балада беше отстранета бидејќи во „Дизни“ сметале дека нема да им се допадне на младите гледачи.
Во процесот на сечење на песната за кино-изданието, тие го загубиле видеомастерот и не можеле да го пронајдат ниту негативот, претходно објасни Хенсон во едно интервју во 2018 година.
Љубовната песна остана во VHS копии на филмот, но кога беа измислени ДВД-а, беше достапен само кинематографскиот мастер.
Но, пред две недели, Хенсон добил повик во кој му рекле дека филмот е ремастериран во 4К и го замолиле да ја провери новата верзија.