Утрински Весник
Македонија

Изготвен Протокол за изборниот процес – задолжително заштитна маска, физичка дистанца и дезинфекција

Изготвен Протокол за изборниот процес – задолжително заштитна маска, физичка дистанца и дезинфекција

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести изработи Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето. Задолжително ќе биде носењето на заштитна маска, држењето на физичка дистанца, честата дезинфекција на рацете и проветрувањето на просториите.

Министерот за здравство Венко Филипче очекува сите политички субјекти да ги почитуваат одредбите од Протоколот.

– Протколот беше поддржан од сите членови на Комисијата за заразни болести и мора да се почитува без исклучоци. Сите лидери на лидерската средба кај претседателот Пендаровски се изјасниле дека здравјето на граѓаните е на прво место и очекувам сите да го почитуваат Протоколот, рече Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

Протоколот ќе биде доставен до претседателот на државата Стево Пендаровски и до премиерот Оливер Спасовски. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка

Мицкоски дел од Самитот на ЕПП: Европа пред економски и безбедносни предизвици