Утрински Весник
Македонија

Изгоре покривна конструкција на куќа во Мала Речица

Изгоре покривна конструкција на куќа во Мала Речица

Тетово, 13 март 2020 (МИА) – Покривната конструкција на куќа во тетовска Мала Речица изгоре, откако синоќа избувнал пожар во оџакот од објектот.

Вчера околу 21 часот било пријавено дека се избувнал оган во куќата, по што пожарникарите започнале со интервенција.

– Пожарникарите пристигнале навреме и го лоцирале пожарот. Тој е изгаснат додека траел на покривната конструкција и не се дозволи да се прошири во просториите на објектот. Интервенираа шест пожарникари со три возила. Огнот е ликвидиран целосно за еден час. Нема повредени, туку само материјална штета, информира Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Во текот на зимските месеци најчести се пожарите на неисчистени оџаци или вентилациски системи. Од пожарната и полицијата постојано се апелира оџаците да се исчистат како превенција од пожари.

Во 2019 година од вкупно 700 интервенции на тетовските пожарникари, 78 биле поради запалени оџаци. ас/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

СДСМ: Распад на енергетскиот систем – со измислени саботажи за РЕК ја покриваат сопствената неспособност

Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена