Утрински Весник
Македонија

Изгоре плевна во тетовско село Церово

Изгоре плевна во тетовско село Церово

Тетово, 13 април 2020 (МИА) – Во пожар во селото Церово на планината Сува Гора, општина Желино изгоре плевна, а при тоа нема повредени лица. Интервенирала пожарната од Тетово.

 -Вчера околу 16:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека избувнал пожар во плевна во тетовското село Церово. Повредени нема, а целосно изгорел покривот на објектот и поголема количина добиточна храна. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Тетово пожарот за кусо време е локализиран, соопшти денеска СВР Тетово.

 Пред два дена во атар на тетовското село Порој изгоре е плевна со поголема количина добиточна храна и земјоделски апарати. ас/см/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намалено нивото на реката Вардар, во моментот нема опасност од излевање

Силниот ветер го однесе кровот на средно училиште во Гевгелија

Панчевски најави кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители