Утрински Весник
Македонија

Изгоре автомобил во Сопиште

Изгоре автомобил во Сопиште

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Околу 12:20 часот регистриран е пожар на автомобил во населбата Сопиште, кој е пријавен од случаен минувач.

Од МВР за МИА потврдуваат дека се работи за возило „Форд Мондео“.

Автомобилот е целосно уништен, а самата незгода направи и голем метеж во сообраќајот.

Од МВР информираат дека на терен излезена е противпожарна единица и пожарот е изгаснат.

СВР Скопје во моментов врши увид на лице место. Засега нема информации за повредени при пожарот. фф/сп/

Гаснење на запален автомобил во Сопиште

Posted by MИА.mk on Недела, 17 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Две лица во куќен притвор и мерки на претпазливост за седуммина кои се опфатени со истрагата за коруптивни дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Уставен суд: Прашањето за пензиите не смее да се користи како алиби за политичко влијание

Нема да се плаќаат никакви давачки на курирските служби што ги доставуваат пратките од Тему по воведувањето на ДДВ