Утрински Весник
Свет

Изгаснат пожарот во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, најмалку 13 повредени

Изгаснат пожарот во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, најмалку 13 повредени

Голем пожар избувна денеска во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, а околу 300 луѓе останаа заробени на покривот.

Најмалку 13 лица се повредени во зградата која има дури 38 ката. Властите соопштија дека околу 1.250 луѓе биле евакуирани, вклучително и лицата на покривот каде што избегале од огнот.

Властите соопштија дека успеале да изгаснат поголем дел од пожарот.

Еден од работниците кој работеше на реновирање на објектот, истакна дека „внатре е како да си во лавиринт“.

Полицијата соопшти дека 60-годишна жена е хоспитализирана во полусвесна состојба бидејќи вдишувала чад, а уште две лица не се чувствуваат добро.

Пожарникарите користea специјални продолжени скали за да стигнат до пoвредените лица.

Според медиумите, пожарот избувнал во просторијата со осигурувачите.

Менаџерката на ресторанот на 12 кат опишала како успеала да побегне откако избувнал пожарот. Како што истакна таа, во моментот на пожарот служеле 80 оброци.

„Околу 12.45 часот (по локално време) забележавме како чад се спушта по скалите. Ги повикавме менаџерите, но не добивме одговор. Набрзо собравме клиенти, зедовме крпи и се евакуиравме.“, објасни таа.

Можете да прочитате

Парамаунт понуди 109 милијарди за купување на Ворнер Брос

Нетанјаху: Блиску е втората фаза од мировниот план за Газа

Зеленски: Нема компромис за украинската територија