Утрински Весник
Македонија

Извршувањето на општинскиот буџет на Делчево за четвртиот квартал изнесува 87,5 проценти

Извршувањето на општинскиот буџет на Делчево за четвртиот квартал изнесува 87,5 проценти

Делчево, 4 март 2020 (МИА) – Извршувањето на буџетот на општина Делчево за четвртиот квартал изнесува 87,5 проценти или од вкупно планираните приходи, од 291 милион денари реализирани се 254,5 милиони денари.

Овој податок, денеска пред делчевските советници во рамки на 35-тата седница го образложи Анка Христова, раководител на одделението за финансии, која додаде дека од овие средства во основниот буџет од планираните тековно-оперативни и капитални приходи во износ од 118,9 милиони денари реализирани се 105,5 милиони денари или 88,7 проценти.

-Од овие средства во делот на дотации од планирани 148 милиони денари како приходи реализирани се 92,2 проценти, во буџетот на донации од планираните 7,5 милиони денари реализирани се 2,7 милиони денари или 36,2 проценти, додека во буџетот на самофинансирачки активности од планирани 17,3 милиони денари, реализирани се 10,6 милиони денаривили 61,2 проценти, истакна Христова.

Во четвртиот квартал, како што дополни во своето излагање Христова, најмногу средства како дел од даночните приходи општината наплатила од даноци на имот, вкупно 12,2 милиони денари и даноци од специфични услуги во висина од 16,4 милиони денари, меѓу кои и комунална такса за одржување на јавното осветлување од која во буџетот влегле 9,2 милиони денари.

Успешна реализација општината имала и кај расходите чиј план како што беше напоменато на седницата е реализиран во висина 87,5 проценти.

На 35 седница делчевските советници донесоа одлука за проширување на средства на буџетот за 2020 година, а усвоена беше програмата за управување со отпад за 2020 година. вс/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал